Таа се откажала од млечните производи, месото и шеќерот – И ви ги открива сите промени кои ја изненадиле

ИЗВОРСкопје24
|

На прашањето дали ѝ недостасуваат слатките, Ела вели дека тоа што се откажала од рафинираниот шеќер не значи и дека се откажала од вкусните слатки.

Откако ѝ била дијагностицирана ретка болест на срцето, која го погодува имунолошкиот систем, но делува и на работата на органите за варење, девојката именувана како Ела Вудвард одлучила да направи радикални промени, пред сè во исхраната. 24-годишната девојка решила да се откаже од месото, млечните производи, јајцата, шеќерот и преработките.

– На почетокот ми беше тешко, но одлучив да бидам истрајна во оваа одлука и да се хранам квалитетно и разновидно. Неколку месеци јадев една иста веганска храна, но потоа одлучив да го проширам менито и да започнам по малку и да експериментирам, изјавила Ела за британскиот Daily Mail. Нејзиното мени подразбира секојдневен внос на овесна каша со бадемово млеко и путер, како и бобинкасто овошје и чиа семиња. Тука се и здравите снегулки, интегралните житарки, чилито, карито и уште многу други интересни зачини кои и на најобичните јадења им даваат одличен вкус.

– Месото, млекото, јајцата, преработките и шеќерот воопшто не ми недостасуваат. Всушност, јас се чувствувам многу подобро без нив, имам повеќе енергија и ја држам својата болест под контрола, открива оваа девојка.Кога се работи за физичките активности, Ела не сака да претерува и да тренира премногу напорно, туку да ужива во активностите кои ја опуштаат, ѝ годат, и воедно се добри и за здравјето.

– Ги обожувам јогата, пилатесот, трчањето и вежбите со тегови, па наизменично ги комбинирам овие активности. Тие ме ослободуваат од стресот и ја чуваат мојата психа, вели Ела. Уште еден одличен ефект од оваа промена е што нејзината кожа комплетно се исчистила и Ела верува дека одрекувањето од млечни и месни производи има клучна заслуга за тој ефект.

– Сите ние знаеме дека исхраната многу влијае на нашиот тен, а освен тоа, користам и малку природна козметика, раскажува Ела. На прашањето дали ѝ недостасуваат слатките, Ела вели дека тоа што се откажала од рафинираниот шеќер не значи и дека се откажала од слатките.

– Пробајте да направите десерт од една изгмечена банана и две мали лажички чиа семиња. Прелијте ги семињата со вода, да отстојат 15 минути, па помешајте со бананата. Во вкусот на овој десерт навистина ќе уживате, советува оваа девојка којашто неодамна издаде и книга со рецепти и совети за здрава исхрана.