Македонскиот трубач со интернационална кариера Џамбо Агушев, преку социјалните мрежи се пофали дека повторно станал татко.
Тој на сввојот фејсбук профил објави неколку фотографии со сопругата и бебето.
„Добредодје, моја мила ќерко Алина“, напиша тој.
Инаку, тој по потекло е од Струмица, и речиси никогаш не се појавува во јавноста со сопругата со која е повеќе од една деценија во брак. Се вика Асена, Турчинка која живеела во Германија. Се запознале на еден негов настап во Германија. Џамбо ја заблежал во публика, му се допаднала и ја поканил на состанок.
Правилното име на Џамбо е Исеин а за прекарот кој го добил, тој вели дека има еден виновник, неговиот колега и учител Ферус Мустафов. Тој откри дека прекарот потекнува од тоа што Ферус му рекол дека е брз како џамбо џет авион, па така го добил и останал Џамбо.