Тијана Дапчевиќ постојано е на релација Скопје – Белград што поради приватни, што поради професионални обврски.
Изминатиот период, Тијана беше во Скопје поради снимањето на серијата „Преспав“ каде што ја игра улогата на Германката Ула.
Пејачка, водителка, актерка, имитаторка, свири на виолончело….Таа вели дека е добро да си толку сестран во нејзината професија.
„Мене ми е. Ми дава прилика да го работам она што го сакам. Кога подобро ќе размислам – се што работам е поврзано со сцената и музиката. И пеењето и глумата, свирењето на виолончело, водителството. Се тоа е дел од сцената и дел од мене бидејќи на сцена се чувствувам како дома“ вели Дапчевиќ за еден српски портал.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ТИЈАНАДАПЧЕВИЌ
Таа открива како изгледало нејзиното детство во Скопје.
„Моето детство беше поделено на Скопје, Црвенка, Сомбор, Сараево, Дубровник….Секој распуст го поминував во Сомбор и Црвенка, а во текот на учебната година деството го поминував пред зградата во Скопје и не влегувавме дома се додека не ја слушнав како мајка ми од прозорец не повикува на вечера. Имавме многу игри, идеи за да го исполнеме времето, затоа секогаш велам дека имав безгрижно детство. Секогаш имаше музика во нашиот дом, целото детство ми беше музика“ вели пејачката.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ТИЈАНАДАПЧЕВИЌ
Дапчевиќ објаснува дека пристигнала во Белград кога Дејан Милиќевиќ ја сретнал во Скопје и пружил рака и понудил соработка.
„Меѓутоа, пред тоа заминав во Сомбор да го видам својот брат кој живее во Мелбурн. Таму го запознав Милан и бидејќи знаев дека нема да се разделуваме, заедно дојдовме во Белград и се останатото е историја. Откако тој ми пружи рака, не сум сама во ништо“ вели Тијана и открива колку се променил нејзиниот живот откако е во брак со Милан.
„Нема што да се менува, јас се родив кога го запознав“.
Тијана и Милан од бракот заедно го имаат синот Вук на кој максимално се посветени.
„Како и сите родители, Милан и јас се трудиме да бидеме најдобри родители на нашето дете. Максимално сме му посветени, за се разговараме и секогаш ќе ја има нашата поддршка. Најважно ни е да е здрав и среќен, да биде добар човек и еден ден да го работи она што го сака“ вели Тијана.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ТИЈАНАДАПЧЕВИЌ
Тијана во „Преспав“ ја игра улогата на Германката Ула, а вели дека еден ден би сакала да добие улога за Оскар.
„Глумата е моја голема страст. Целиот мој живот сум во друштво на актери, а кога се најдов во претстава ми се отвори нов свет во кој не морам да бирам што ќе бидам, уживам максимално во својата улога. Ми остана Оскар, но полека има уште време, ќе дојдеме до него“ вели Тијана.
Дапчевиќ проговори и за нејзината улога како Германката Ула.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ
„Да, само што го завршивме снимањето на четврата сезона на серијата „Преспав“. Се случува во пансионот „Преспав“ кој називот го доби по езерото „Преспав“. Јас ја играм улогата на Ула, строга Германка која се обидува да одржи некој ред во пансионот, а тоа баш не и оди од рака…Се надевам дека ќе се емитува во Србија бидејќи сум убедена дека ќе им се допадне на луѓето“ вели Дапчевиќ.
За потсетување, вечерва започнува новата сезона на првиот канал на МРТВ.