„Тик-Ток“ ги воодушеви младите, а во изминатиов период кога речиси сите седеа по дома, на многумина им беше главен извор на забава.
Според податоците на експертите од компанијата „Sensor Tower“, „Тик-Ток“ местото го отстапија на апликацијата за видеоконференции „Зум“, која стана најпопуларна апликација.
„Зум“ е превземен од корисниците 94 милиони пати во овој период, додека пак „Тик-Ток“ е „симнат“ 71 милиони пати.
Експертите се изненадени што „сериозна“ апликација како „Зум“ успеала да надмине повеќе од 50 милиони преземања и истакнуваат дека тоа е исклучителен успех. Досега само видео игри или социјални мрежи успеаваа да постигнат такви импресивни бројќи.
Ако се соберат сите преземања од двете најпопуларни он-лајн продавници за апликации- „App Store“ и „Google Play Store“, тогаш може да се заклучи дека „Зум“, „ТикТок“ и играта „Покемон Го“ се превземени на уредите на корисниците (телефони, таблети и сл) повеќе од 300 милиони пати во само три месеци.