Титовиот Кадилак, сè уште во одлична состојба, се изнајмува за 1.350 евра на час

|

Југоносталгичарите сигурно уште веднаш ќе кажат дека подобро време од времето на Југославија не може да постои. Тие со восхит сеуште зборуваат за другарот Тито и за престижот со кој бил закитен тој, па секогаш уживал во почитта на целиот народ и тоа го возвраќал на народот.

По распадот на Југославија, целиот имот беше распределен на републиките и денес многу малку работи кои му припаѓаа на Тито останаа да се користат или пак да се чуваат како скапоцености. Вилите и јахтите останаа пусти, дел од предметите беа украдени и сега се на црниот пазар, но за среќа неговиот автомобил „Кадилак“ сеуше е во возна состојба.

Се работи за темнозелениот „Кадилак“ во кој Тито возеше многу светски лидери, и денес е во одлична состојба, па се изнајмува на туристи за 1.350 евра на час. Официјалната летна резиденција на Јосип Броз Тито беше во Бриони на Истра и една од главните атракции на островот е токму овој автомобил.

До 1979 година, претседателот на Југославија возеше бројни државници, како египетскиот претседател Абдел Насер, индиската премиерка Индира Ганди, но и актерските sвезди Софија Лорен, Елизабет Тејлор и Ричард Бартон. Последната славна личност која го изнајми овој автомобил секако за потребите на филмска сцена, беше актерката Салма Хаек.