Тлото во Загреб не мирува – Сеизмолог: Загреб сѐ уште е под ризик од силен земјотрес!

|

Годинава на 22 Март, во Загреб имаше средно силен земјотрес а оттогаш тлото како да не мирува, па секојдневно се бележат серија на мали земјотреси.

Сеизмологот Томислав Фикет од хрватската државна служба за сеизмологија, излезе во јавност со свое видување за ситуацијата во Загреб.  Тој изрази стравување дека Загреб би можело да се соочи со силен земјотрес, со проекција на сила до триесет пати посилен од оној што предизвика голема материјална штета на 22 март.

По тој земјотрес во март, земјата во Загреб сѐ уште не се смирува. Послаб потрес е регистриран и изутринава. Хрватскиот сеизмолог Томислав Фикет, сепак, вели дека тресењето се очекува да продолжи, бидејќи сѐ уште се случува релаксација на тлото.

Запрашан дали може барем да ги смири луѓето во Загреб дека тие се безбедни од поголем и посилен земјотрес, тој вели: „За жал, не. Би можел тоа да го кажам само ако тој посилен потрес веќе се случеше“.

Загреб би можело да биде погоден од земјотрес со јачина од 6,3 до 6,5 степени според Рихтеровата скала, што е земјотрес триесет пати посилен од оној во Загреб на 22 март.