Тоа име го сакаше и Данијела пред осум години: Откриено како ќе се вика ќерката на Петар Грашо и Хана

ИЗВОРНов Лист
|

Петар Грашо и неговата сопруга Хана треба да станат родители кон крајот на јули, а судејќи според информациите ќерката – ќе се вика Алба.

Хана треба да се породи на 23 јули, а доколку се породи на тој ден, Петар нема да присуствува на породувањето бидејќи на тој датум ќе настапи на фестивалот „Фјужн“ во Сплит. И не само тој, туку и неговиот свекор Тончи, а семејната веселба по се изгледа ќе биде комплетна бидејќи уметничкиот директор на фестивалот е неговиот зет Иван.

Она што е уште поинтересно во целата приказна е тоа што името што го избра брачниот пар е токму името што поранешната сопруга на Петар, Данијела Мартиновиќ сакаше да му го даде на своето дете. Имено, таа во 2014 година изјави дека најголема желба и е таа и Петар да станат родители и дека разговарале за имиња за деца.

– Навистина најголемата желба во мојот живот во моментов. Еве, навистина се надеваме дека многу брзо ќе се израдуваме. Синот ќе биде Тони, се знае, по покојниот дедо на Петар, а за девојчето имаме две имиња, Алба или Луце, интересно, тие се сосема дијаметрално различни, па можеби луѓето ќе се изненадат – изјави Даниела пред осум години.