Актерот Том Хенкс и сопругата ни станаа „комшии“

|

Холивудскиот пар имал средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. На оваа средба тие од него добиле грчки пасоши, односно и официјлано станале грчи државјани.

Грчкиот премиер, се пофали со фотографија на својот Инстаграм профил, на која се заедно со холивудскиот актер Том Хенкс и своите сопруги. На фотографијата холивудскиот пар во рацете ги држи новите пасоши.

Сопругата на Том Хенкс, Рита Вилсон има грчки корени, а поседуваат и куќа на островот Антипарос. Средбата со грчкиот пермиер се одржала на островот Парос.