Околу 1.500 луѓе ќе бидат дел од преговарачките тимови на Македонија со Европската унија, чија структура е усвоена од владата пред две недели. Македонија е првата земја која во структурата има предвидено место за главен економист, главен правник и главен антикорупционер, откри во вечерашната Топ Тема, Драган Тилев, државен советник во Секретаријатот за европски прашања.
За тоа дали континуитетот на преговарачкиот процес може да биде нарушен или забавен доколку биде сменет главниот преговарач, кој во случајот на Македонија е политичка фигура, експертите со различни мислења.