Трагедија на патиштата во Македонија: Маж почина на лице место, две лица се повредени

|

На 29.05.2023 во 12:50 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(62) од Велес и товарно возило „ман“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Г.Л.(41) од с.Будинарци, беровско.

На местото на несреќата починал возачот З.Ѓ., додека Г.Л. се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот сопатник Д.Ц.(24) од Берово се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.