Трајковски, Барди и селекторот Милевски добија дипломатски пасоши

ИЗВОРНов Лист
|

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска им додели дипломатски пасоши на фудбалските репрезентативци, Александар Трајковски и Енис Барди, како и на тренерот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски.

–Не само со победите над фудбалските велесили како што се Италија и Германија, туку и со севкупниот ваш придонес во успехот на нашиот национален тим, вие веќе сте нашите спортски дипломати и амбасадор, па најмалку соодветно е да го имате и симболот на дипломатијата – дипломатскиот пасош за вашите чести патувања, истакна Османи на средбата.

Им благодарам на сите за дипломатските пасоши. Убави сцени се и убаво се чувствуваме. Очекуваме понатаму да биде исто и за останатите репрезентативци, рече Енес Барди после добивањето на дипломатскиот пасош.

Тој, како во Италија, очекува победа и во Португалија.

-Сега се подготвуваме и имаме 3 дена да анализираме. Ќе биде многу тешко, тие се топ репрезентација, но и ние имаме квалитети. Ќе видиме како ќе излеземе на терен. Вторник ќе биде голем ден за нас, треба да уживаме и да бидеме горди што сме дошле до овде, но сепак уште не е крај, изјави Барди.