Треба да станете во 6 или 7 наутро? Еве кога треба да бидете во кревет

ИЗВОРНов Лист
|

Дали некогаш ви се има случено да легнете порано со цел да се разбудите посвежи и поодморени за на работа, а сепак да се разбудите уморни?

Експертите дизајнираа т.н “калкулатор за спиење“ со чија помош може да пресметаме кога точно треба да одиме во кревет ако сакаме да се разбудиме свежи следниот ден.

За време на нашето спиење, телото поминува низ пет фази кои се клучни за закрепнување, како што се лесен сон, длабок сон и REM фазата во која сонуваме, па токму затоа доколку сакате добро да се наспиете, треба да го одредите вистинското време за одење во кревет и будење.

Спиењето од 8 или повеќе часови резултира со ненаспаност – тоа значи дека се будиме среде циклус.

Како да се разбудиме наспани?
Калкулаторот за спиење проценува дека во просек се потребни 14 минути за еден човек да заспие. Затоа, ако вашиот аларм е наместен за во 7 часот наутро, тогаш треба да бидете во кревет во 21:46. Ако не успеете да си легнете толку рано, вашиот следен термин за идеален сон е 23:16. Но, доколку некогаш се случи да останете будни и после полноќ, експертите препорачуваат да легнете во 00:46 или во 02:16.

Доколку треба да станете во 06:00 часот, тогаш идеалните термини за легнување се 20:46, 22:16, 23:46 и ако навистина треба да останете будни после полноќ во 01:16.