Во склоп на Европската Недела на Спортот, која трае од 23ти до 30ти септември, за прв пат годинава во нашата држава се оддржува и “Национален Фитнес Ден” на 24ти септември, “празник” на фитнесот кој се оддржува во повеќе европски градови.
Целта на овој настан е потенцирањењето за важноста на физичката активност и водењето на здрав животен стил, кое е од исклучителна важност за создавање на здраво општество. Овој четврток, ќе се оддржат повеќе од 100 настани низ целата држава. Нешто кое е доказ дека здруженијата, малите компании и голем број индивидуалци се полни со ентузијазам за организирање на настани кои допринесуваат кон здравјето и благосостојбата на сите граѓани. Главните амбасадори на овогодинешниот “Национален Фитнес Ден” се:
3. Елена Бубало
Организаторите на Националниот Фитнес ден склучија партнерство со голем број на фитнес студија, организации и индивидуалци кои самостојно организираат настани кој е во духот на физичката активност, односно овој ден. Сите имаат заедничка цел – да активираат што е можно повеќе индивидуи кои моментално не се активни, да го имплементираат тоа во своето секојдневие и распоред.
Главните амбасадори креираа и свои настани за кои се очекува да бидат навистина интересни! Јовановски Марио организира настан во кој ќе има 2 предизвици за учесниците, кој ќе се оддржи во Skopje City Mall. Повеќе за овој настан може да прочитате подоле.
Софија Манчева и Надица Јовановиќ, на 24ти септември во Градскиот Парк во Скопје (на Школка), организираат вежбање на отворено, настан за кој очекуваат да имаат околу 80 девојки! Повеќе информации околу настанот BODY BURN може да прочитате подоле.
Елена Бубало, го организира својот познат TOTAL BODY WORKOUT, бесплатен фитнес час на отворено во салата на ULTIMATE FIT ALEBRAS. Повеќе информации може да прочитате подоле.
Атанас Михајловски организира свој отворен ден за секој оној што сака да проба еден кросфит тренинг на отворено! Тренингот е за сите нивоа на физичка активност. Повеќе за овој настан може да прочитате подоле.
За повеќе информации околу целосниот настан, неговите партнери, амбасадори и соработници, може да најдете на:
https://nationalfitnessday.mk https://www.instagram.com/nationalfitnessday_mk/ https://www.facebook.com/NFD.mk