Тричко погоди во последен час, спаси пораз од Омонија

|

Иван Тричковски беше во главна улога на вчерашното дерби од кипарскиот шампионат меѓу АЕК Ларнака и Омонија, што заврши без победник (2-2).

Македонскиот репрезентативец во 10. минута не реализираше пенал за домашниот тим, но триесет минути подоцна повторно беше досуден удар од белата точка за АЕК. И повторно Тричковски ја презеде одговорноста и овојпат биеше прецизно, доведувајќи го својот тим во водство од 1-0. Омонија пред крајот на полувремето израмни, а потоа на стартот од вториот дел поведе со 1-2, но славјето на гостите од расипа Тричковски со гол во 98. минута, повторно постигнат со удар од единаесет метри.

За Омонија ова беа први загубени бодови сезонава, по двете почетни победи на стартот од шампионатот. АЕК Ларнака досега има одиграно само две средби, една победа и денешното реми со Омонија.