Трикови со кои ќе спречите замрзнување на автомобилските стакла

|

Во текот на зимските месеци, поради ниските температури стаклата на автомобилите може да замрзнат. Поериодов температурите навечер и рано наутро одат во длабок минус, па затоа секој ден имаме проблем со стартувањето на автонобилот. Сепак не очајувајте, постојат начини со кои може да го превенирате тоа.

Наједноставната опција е користење заштита за стакло. Ако немате, може да преземете неколку чекори за да спречите замрзнување.

Направете спреј од оцет

Направете течност која се состои од три четвртини оцет и една четвртина вода. Оваа комбинација ставете ја во сад со распрскувач и во текот на ниските температури, секоја вечер прскајте ги автомобилските прозорци со течноста.

Солена вода

Ако немате оцет при рака, може да ви помогне и солта. Измешајте вода и сол и испрскајте ги стаклата.

Користете алк*хол

Измешајте алк лхол и вода во однос 2:1 и со течноста испрскајте ги стаклата. Сите три вида течности можат да бидат ефективни.

Што да избегнувате?

Никогаш немојте да користете врела вода бидејќи стаклото е чувствително на брзи промени во температурата. Врелата вода во комбинација со претеран притисок на стаклото поради стругање може да доведе до пукање, пишува Auto Glass Express.