Бремените жени се ослободуваат од работа со физичко присуство до завршувањето на пандемијата, потсетува Владата.
Согласно владина одлука бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место.
Од Владата посочуваат дека ја објавуваат оваа информација по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место на бремените жени по 31 декември 2020 година.
Владината одлука е донесена на седница на 03 ноември по препорака на Комисијата за заразни болести.