Тука парите не вредат ништо: Ова се петте држави со најголема инфлација на светот

|

Венецуела е земјата со највисока инфлација на светот, а зад неа се Зимбабве и Јужен Судан, пренесува “World Economic Forum”.

Кризата која ја погодила Венецуела влијаела на скокот на инфлацијата, која во април изнесувала 300.000 проценти. Превирањата кои и натаму се големи укажуваат дека таа со текот на времето се повеќе ќе расте, а ММФ проценил дека до крајот на годината стапката на инфлација ќе скокне на 10 милиони проценти.

Стапката на инфлација во Зимбабве е нешто под 176 процент, но постои можност да се зголеми и повторно да биде висока како во времето на најголемата криза во таа земја пред десет години. Веќе растат и цените на основните животни намирници како што се лебот, горивото и лековите.

Претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва ветил дека ќе ја стабилизира економската криза кога ја преземал власта од Роберто Мугабе во 2017-та година, но изгледа дека економската ситуација допрво треба да се поправа.

Захид Хусеин, водечки економист на Светската банка, вели дека економскиот раст и политичката стабилност се длабоко поврзани.

“Но, не сите облици на политичка стабилност се подеднакво добри, многу работи зависат од степенот во која стабилноста се претвора во добро управување”, објаснува Хусеин.

Зад овие три земји следат Авганистан и Иран. Втората најголема инфлација во историјата е забележана во некогашна СР Југославија, кога стапката на инфлација била 313 милиони проценти.