УЕФА одлучи: Познато е каде ќе се играат следните три финалиња од ЛШ

|

Управниот одбор на УЕФА на последната седница донесе одлука за тоа каде ќе се играат финалните дуели од Лигата на шампионите во периодот од 2021 до 2023 година.

Мечот за титулата оваа сезона ќе се игра во Истанбул, а и идната домаќин ќе биде град од источниот дел на Европа. Тоа е Санкт Петербург, а интересно е тоа што по него следува реприза на финалињата од една деценија претходно.

Во 2022 година натпреварот ќе се игра на Алијанц арената во Минхен, исто како во 2012 година, а една сезона подоцна на Вембли, исто како во 2013.