УХМР: Временска прогноза до недела – Од утре голема промена на времето

ИЗВОРНов Лист
|

Денес не очекува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. УВ=9

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ=8

Во сабота времето кое не очекува ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8

Во недела променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8