Управата за јавни приходи ја објави листата на должници, на која се 5.105 фирми и граѓаните кои не ги намириле навреме своите обврски. Се работи за долгови доспеани до 31 мај, а не се платени до 31 август. Утврдени се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Конкретно, како што наведуваат од УЈП, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и над 300.000 денари за правните лица.
Регистрирани се 1.730 должници – правни лица. Нивниот број е намален за 82 во однос на претходната листа, а на граѓаните за 12. Всушност, доминантни се имињата на физички лица кои не ги затвориле даночните долгови – 3.375.
Вкупниот долг е во нето износ од 8.210.260.105 денари или повеќе од 133 милиони евра. Од УЈП посочуваат дека тука има намалување од 367.283.742 денари (речиси шест милиони евра). Притоа, нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.026.847.383 денари (130 милиони евра) и е помал за 359.229.765 денари (5,8 милиони евра) во однос на претходната листа. За 8.053.977 денари (130 илјади евра) е понизок долгот за царинските давачки, кој на последната листа е во износ од 183.412.722 денари или близу три милиони евра.
Целата листа може да се види на линкот во продолжение:
http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/607