|
Се поскапото гориво ги натера граѓаните на незамисливи чекори како што е крадење на гориво од други возила. Со месеци наназад овој кри минал зема замав не само во Македонија, туку и низ цела Европа и Америка.
Според информавиите на МВР повозрасен маж бил фатен вчера како краде гориво од работна машина која работи во близина на Охрид.
На 24.06.2022 година во 00.30 часот во СВР Охрид приведен е Н.С.(59) од селото Требеништа, општина Дебарца.
Тој претходно е затекнат при кра жба на гориво од работна машина на автопатот во изградба Кичево-Охрид и пронајдени му се две пластични туби со околу 50 литри гориво. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.