Направете универзално тесто со две јајца.
СОСТОЈКИ: 2 јајца 1 лажиче шеќер 1 лажиче сол 500 мл. млеко 3 лажици кисело млеко 3 лжици масло 1 кесе прашок за пециво 20 гр. квасец 1 кг. брашно
ПОДГОТОВКА: Растворете го квасецот со шеќер и 200 милилитри млако млеко и оставете на топло да се активира. Ставете брашно во голем сад и додајте прашок за пециво и сол. Ставете го и квасецот во средина, ставете претходно изматени јајца и кисело млеко. Се меси меко тесто.
Се премачкува сад со малку масло, па се става топката од тесто, се става проѕирна фолија и горе крпа и се остава тестото двојно да нарасне. Уживајте!