Антонио Конте по поразот од Борусија Дортмунд распали по управата иаково летниот преоден рок во клубот беа донесени неколку одлични играчи и беше потрошена поголема сума на пари.
Конте се жали дека има кратка клупа и дека мора да ги игра сите натпревари со лимитиран број на играчи, па токму затоа сега во јануари ќе донесе уште три нови фудбалери.
Во јануарскиот преоден рок на „Меаца“ се очекува да пристигнат Оливие Жиру од Челси и Дејан Кулушевски и Матео Дармијан од Парма. Името на Дејан Кулушевски е многу добро познато кај нас затоа што тој е родум од Охрид, а има и неколку настапи за младинските категории на селекцијата на Македонија.
Сепак, од неодамна тој и официјално е репрезентативец на Шведска затоа што доби деби повик од селекторот на оваа репрезентација за претстојните два квалификациски дуели.
Можно е во клубот да пристигне и некој од двоецот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал или Иван Ракитиќ.