Утре се слави Свети Јован Крстител – Еве што не смеете да правите

ИЗВОРНов Лист
|

Со оглед на тоа што главната улога на свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква одреди денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на светиот Предвесник.

Меѓу евангелските личности околу Спасителот, личноста на свети Јован Крстител зазема особено место и заради начинот на доаѓањето во светот и заради улогата на Крстител на луѓето за покајание и како Крстител на Месијата – најпосле и заради трагичното заминување од овој живот. Тој се одликувал со толкава морална чистота што навистина може попрво да биде нарекуван ангел, одошто човек.

Меѓу сите пророци, свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на свети Јован се раскажува дека секоја година, на денот на светителот, архиерејот ја изнесувал пред народот.

Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна.

На Свети Јован верниците не се веселат, а по можност и во раце не треба да се зема нож, во знак на сеќавање на страдањето на Јован. Не се јаде и не се пие ништо што е црвено, бидејќи бојата ја симболизира невино пролеаната крв на светителот.

Србите и Македонците на овој ден постат. На децата не им даваат ништо што има црвена боја. Ни јаболко, ни домат, ни праска, ниту црвено грозје. На овој ден треба да се собираат лековити тревки: кантарион, нане, коњска чубура, линцура.