Ваква убавина ретко се гледа: Кога Џејми од Game of Thrones пристигна, сите ја гледаа само сопругата

ИЗВОРНов Лист
|

Канскиот филмски фестивал деновиве собира многу познати личности, а меѓу нив беше и згодниот дански актер со сопругата Нукака.

Mandatory Credit: Photo by Vianney Le Caer/Invision/AP/Shutterstock (12809446c)
Nikolaj Coster-Waldau poses for photographers at the photo call for the film ‘Against The Ice’ during the International Film Festival Berlin ‘Berlinale’, in Berlin, Germany
Berlinale Against The Ice Photo Call, Berlin, Germany – 15 Feb 2022

Данскиот актер Николај Костер-Валдау деновиве гостува на 75. Меѓународен филмски фестивал во Кан, каде синоќа присуствуваше на отворањето на фестивалот и на премиерата на филмот „Cut“ на режисерот Мишел Азанависиус.

Актерот кој ги освои срцата на публиката, особено женската страна, благодарение на улогата на Џејми во серијата „Игра на тронови“, сепак остана во сенка на црвениот тепих бидејќи со него беше сопругата Нукакa.

Николај го држи својот живот подалеку од очите на јавноста, па него и сопруга не ги гледаме често, но таа е секогаш со него во важните моменти и на најгламурозните настани. Нукака за оваа пригода избра фустан со струк, розов, кој е со кратки ракави и го краси подолг патент напред.

Сопругата на данскиот актер носеше и бели чевли со пониски потпетици и чанта во боја на карамела, а беше речиси природно нашминкана, како и обично.

Нукака и Николај се во брак од 1997 година.

Сопругата на актерот е родена во Уманак, Гренланд, каде што беше Мис Гренланд во 1990 година, по што учествуваше на изборот за Мис Универзум. Како што еднаш призна Николај, тој бил фасциниран од Нукака.

Паралелно со манекенската кариера, Нукака изгради и актерска кариера, а Николај првпат го запознала додека снимала радио драма во 1997 година.

Многу брзо стапија во врска и се венчаа истата година, а потоа добија две ќерки – Филипа и Сафина, кои и двете тргнаа по стапките на нивните родители и започнаа кариера во забавната индустрија.