|
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Едвин Ван Дер Сар, која имаше доста живописна кариера, сега откри една анегдота за неговите трансфери.
Тој пред да се пресели во Манчестер Јунајтед, па и пред трансферот во Фулам, откри дека можел да стане голман на Ливерпул.
Ван Дер Сар откри и како се случил неговиот избор за трансфер во Фулам.
„Имав две можности, први за мене заинтересирани беа Ливерпул и Дортмунд, можев да завршам во еден од нив, но на крајот, сепак завршив на Кревен Котиџ во Фулам“, истакна Ван Дер Сар.
Инаку, овој голман го држи рекордот на најмногу минути со чиста мрежа, светски рекорд од 1311 минути.