Непознати вандали денеска го оштетиле Споменикот на победата во строгиот центар на Тетово, на кој е сронет дел од малтерот на основата, пренесува Слободен Печат.
Неофицијално, според очевидци, споменикот го оштетиле деца, удирајќи со камења.
Споменикот на победата, кој денес е познат и под името Споменик на револуцијата е изграден во 1962 година и е посветен на триумфот на антифашистичките сили во Народноослободителната борба.