Вардар добива 14 милиони денари ваучер

|

Агенцијата за млади и спорт соопшти кој клуб колку ќе добие од поделбата на ваучерите. Очекувано, најголема сума на пари ќе добие Европскиот и шампион на Македонија, тимот на РК Вардар.

„Црвено – црните” ќе добијат 14.милиони денари (230.00 евра), најмногу од сите спортски колективи. По Вардарци следуваат тимовите на Металург со 12 милиони денари, Еурофарм Работник 11, Пролет 8.

Вардар се збогува со ракометарите кои заминуваат: Ги освоивте нашите срца (ВИДЕО)

Вардар преку социјалните мрежи им се заблагодари на ракометарите кои заминуваат и на Роберто Парондо.

Шест ракометари и тренерот Роберто Парондо си заминуваат по освојувањето на Европската круна, нивните трансфери беа претходно договорени.

Клубот преку социјалните мрежи им се заблагодари на играчите кои си одат.

„Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораес, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо. Заедно се радувавме на одличните моменти, трофеи и титули. Ги освоивте нашите срца. Уживајте во шампионскиот успех. Среќно!“, пишува во пораката на Вардар.

Видеото можете да го видите ТУКА.