Македонскиот ракоментен шампион Вардар денеска одлично го започна натпреварот против Рајн Некар и веројатно го игра најдоброто полувреме оваа сезона, со што ја очекуваме и седмата победа во ЛШ.
Вардар е во постојана предност и одлично се носи со противникот, при што на полувремето замина на заслужен одмор со резултатска предност од 4 гола, односно со резултат 16:12, иако само неколку минути пред полувремето имаше и предност од дури 7 гола.
Всушност денеска започна вториот де од ракотната Лига на шампионите и тоа токму со овој натпревар. Ова е 11. коло од групата А, а подобро пласиран засега е Вардар со 13 бодови на втората позиција зад Барселона која има 18, додека Рајн Некар е 4-то пласиран со 12 бодови.
Мечот започна од 19 часот, а на овој ЛИНК ќе може да ги следите „црвено-црните“ кои ќе се обидат да ја остварат 7 победа сезонава.
Автор: Н.Ј