Навивачката химна која Комити ја промовираа во пресрет на Ф4 турнирот во Келн доби и видео спот. Популарната „Признавам“ на Маријана и Росана во модификувана верзија е песната која навивачите на Вардар ја адаптираа и ќе ја користат како дел од репертоарот на трибините на „Ланксес арена“.
Во студиото на Александар Митевски, „Комитите“ убаво се забавуваа и добија симпатичен видео спот…
Извор: ekipa.mk
РК Вардар: Еве кои играчи ќе си одат, а кои остануваат во клубот
Изминатиот викенд играчите на РК Вардар одржале состанок со се уште актуелниот сопственик Сергеј Самсоненко и почесниот претседател, Михајло Михајловски.
Поранешниот прв човек на „црвено-црните“ потврди дека до почетокот на „Фајнл-фор“ турнирот во Лигата на шампиони сите детали околу новото финансирање на клубот ќе бидат разрешени. Самсоненко треба да остане финансиер на клубот со помош на неколку други компании, но се очекува помош и од институциите.
Според информациите, оние кои веќе имаат потпишано договори со нови клубови ќе си заминат, но останатите кои моментално се во активни преговори ќе останат во Вардар. Доколку прогнозите се реализираат, од скопскиот тим летово ќе си заминат Карачиќ, Мораеш, Калараш, Кисељев, Криштопанс, како и голманот Дејан Милосављев.
Со Вардар наредната сезона би требало да продолжат Скубе, Дисингер, Стоилов, Дибиров, Шишкарев, Недановски, Поповски и Горбок, но и тие имаат одврзани раце да си заминат, доколку добијат добра понуда од друг клуб.
Неизвесен е и статусот на тренерот Роберто Гарсија Парондо, кој минатата седмица потпиша договор со репрезентацијата на Египет.