Васил Гарванлиев: „Да се биде геј во Македонија е благослов!“ (ВИДЕО)

|

Македонскиот пејач и поранешен евровизиски претставник, Васил Гарванлиев веќе некое време е надвор од Македонија, но деновиве гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Најавата за неговото гостување на социјалните мрежи предизвика внимание од јавноста.

На прашањето на новинарот да ја доврши реченицата: „Да се биде геј во Македонија е?“, Гарванлиев одговори “Благослов”. Видеото на линкот во продолжение:

https://www.instagram.com/reel/CxKsCPEMRN6/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==

Неговиот одговор како и секогаш предизвика голем број на негативни коментари. Некои повикуваат на насилство, други му упатија пцовки, но имаше и такви кои неговиот живот го поврзаа со скандалот на Онкологија, па му одговорија дека додека не се загрозува животот на најтешко болните може да биде кој сака и да прави што сака.

Целото интервју денес на Телма во 18 часот.