Новак Ѓоковиќ веднаш по завршувањето на Вимблдон замина на заслужен одмор со семејството. За негова летна дестинација ја избра Шпанија и летувалиштето Марбеља. Шпанија е една од омилените земји на Ноле бидејќи таму живее неговиот брат Ѓорге како и духовниот водач Пепе Илмаз.
Погледнете како уживаат Ноле и Јелена.
Ѓоковиќ може да ги собори сите рекорди на Федерер, само еден се чини е недостижен
Новак Ѓоковиќ по триумфот над Роџер Федерер на Вимблдон потврди дека во моментов е најдобриот на светот, без дилема ако некои воопшто ја имаа.
По епското финале се е поголем бројот на оние кои Ѓоковиќ го сметаат за најдобриот тенисер на сите времиња. Има титули од сите Грен Слем турнири, но сепак не е најтрофејниот тенисер на светот.
Роџер Федерер со 20 Грен Слем титули е рекордер во моментов, следува Надал со 18, Новак Ѓоковиќ е трет на оваа листа со 16, дали тенисерот од Србија има „време“ да го стигне Швајцарецот е прашање кое ги мачи навивачите на популарниот Ноле.
Ѓоковиќ има предност во однос на Федерер на АТП Мастерсите од серијата 1000, води со 33 титули, Швајцарецот има 28, недостижен е Србинот во овој сегмент, но во трката за Грен Слем титулите засега Федерер води со четири повеќе и тоа е рекордот кој веројатно нема да може да го надмине актуелниот број 1 во светот .