ВИДЕО: Јокиќ играше баскет на местото каде ја започна љубовта со кошарката

ИЗВОРСкопје24
|

Српскиот центар Никола Јокиќ се наоѓа на заслужен одмор од напорната НБА сезона.

Тој одигра феноменално во дресот на Денвер и се најде во првата петорка на НБА лигата. Како еден од најдобрите центри во лигата, Србинот заслужено ќе добие богат договор од страна на Нагетси.

Последните неколку недели, 24-годишниот српски кошаркар ги поминува во родниот Сомбор. Таму се дружи со своите сограѓани, а не пропушти можност да заигра баскет на местото каде што започна да ги прави првите кошаркарски чекори.

Јокиќ ги израдува српските фанови и потврди дека ќе биде дел од репрезентацијата на Светското првенство во Кина. Србија ќе има ѕвезден тим составен од неколку НБА играчи со кои ќе атакува на златниот медал.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Извор: gol.mk

Никола Јокиќ: Не се плаче за модринките, болките и заморот, се игра (ВИДЕО)

Никола Јокиќ игра одлична сезона во дресот на Денвер, а особено ја потврдува кошаркарската големина во дуелите од разигрувањето каде беше клучен за пласманот во полуфиналето од Западната конференција и елиминацијата на Сан Антонио.

Јокиќ во седумте дуели од првото коло има просек од 23,1 поени, 12,1 скока и 9,1 асистенции, а во мајсторката имаше трипл-дабл учинок и заедно со Џамал Мареј најмногу придонесе за пласманот во полуфиналната серија против Портланд.

„Не сум само јас изморен. Заморот, болките, модринките, се е тоа дел од работата и низ тоа мора да се помине и да се игра. Особено во вака важни натпревари како што е седмиот дуел во серијата, едноставно мораш да го направиш тоа што треба“ – изјави Јокиќ по пласманот во полуфиналето.