Комична ситуација се случи на натпреварот меѓу Хјустон Рокетс и Лос Анџелес Клиперс. Во дуел на таткото и синот, кои се во спрoтивни табори, Хјустон славеше над Клиперси со 102-93.
Док Риверс е тренер на екипата на Клиперси, а на синоќешниот натпревар имаше не контролирано бесна реакција до судиите. Тој беше исклучен и не го водеше до крај натпреварот од клупата.
Најинтересна беше реакцијата на неговиот син кој игра за Хјустон. Остин Риверс стоеше на неколку метри од него и бараше од судијата да му досудад техничка грешка и да го исклучат.
Док по натпреварот ја потврди одлуката на судиите, но и на својот син.
„Го видов тоа, така и требаше да се реагира”, потврди тренерот на Клиперси.
Ситуацијата и протестот на Риверс се случи на минута и пол до крајот на натпреварот, а тогаш неговиот тим имаше осум поени негатива.
- Видео од исклучувањето и изјави од таткото и синот: