Вилата на Цеца на Кипар од 400 квадрати одзема здив – Еве зошто и е потребен втор дом

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ поседува луксузна вила на Кипар веднаш покрај морето, каде често ги полни батериите меѓу деловните обврски.

Куќата од 400 метри квадратни се наоѓа веднаш покрај морето во Аја Напа, а во дворот има огромен базен во кој уживаат членовите на семејството Ражнатовиќ и нивните пријатели.

– Сакав нешто егзотично, убаво и да бидам на брегот. Мојот пријател Фотос ми донесе фотографии од оваа моја вила и знаев дека тоа е тоа. Веднаш подигнав кредит. Да, куќата ја купив на кредит, кој, нормално, го враќам секој месец – изјави Цеца.

Пејачката со години оди на оваа островска земја, се заљубила во тамошниот амбиент и стекнала пријателства, а таму оделе и нејзините деца на училиште.

– Имам ирански, кипарски и руски соседи со кои имам одлични односи. Тоа се луѓе на кои мојата слава во Србија не им значи ништо. Прекрасно лето е во Аја Напа, а сакам и да одам таму кога е студено во Србија. Мирот што го имам во втората куќа ми е драгоцен – изјавила претходно Цеца, а веруваме дека ретко кој не би сакал ваков дом среде Медитеранот.