Вино со коприви: Моќен еликсир кој прави чуда во организмот

ИЗВОРНов лист
|

Комбинацијата на црвено вино и коприви е вистински еликсир кој го полни телото со енергија и го ослободува од стрес.

Виното со коприви им помага на мажите во обновување на енергијата бидејќи ја зголемува потенцијата. Предностите на црвеното вино во умерени дози (од 50 до 100 милилитри) веќе се докажани и истото се користи во здравите диети, па дури и во постоперативниот период.

Црвеното вино содржи моќен антиоксиданс наречен ресвератрол кој помага при неутрализација на слободните радикали и ги штити клетките од нивниот деструктивен ефект. Виното го зајакнува срцето, го намалува ризикот од срцев удар, ја подобрува еластичноста на крвните садови и го зголемува нивото на хемоглобин во крвта.

Како да го направите овој моќен еликсир?

Во керамички сад (или темна чаша) ставете 10 лажички семе од коприва и додајте 700 милилитри црвено вино. Добро затворете и оставете да стои 10 дена на темно место и на собна температура. Секојдневно протресувајте го садот со течноста. По 10 дена, процедете го виното и сварете го на тивок оган околу 3 до 4 минути.

Кога виното ќе се излади, додајте малку мед и претурете го во стерилно шише, па заедно со виното уште еднаш стерилизирајте го (ставете го шишето во врела вода на тивок оган, неколку минути). Кога шишето ќе се излади, ставете го во фрижидер.

Консумирање: се користи секој ден, од 50 до 100 милилитри дневно.