Новите 26 антикризни мерки на Владата, вредни 400 милиони евра веќе даваат резултат.
Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието, на предлог на Владата како дел од антикризните мерки, од денеска се намалени цените на нафтените деривати и горивата за транспорт.
Со ефикасното спроведување на постапката, примената на антикризните мерки доведе до намалување на цената на горивата и со тоа бензинот БС-95 се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.
Соодветно на намалената акциза и ДДВ за нафтените деривати, се намали и цената на другите горива.
Ова се само дел резултатите од мерките за намалување на ДДВ и акцизата за горивата како единствен приоритет на Владата како што е заштитата на стандардот на граѓаните и одржување на економска стабилност.
Со сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, новата Влада за само 50 дена покажа дека може и умее да се справи со предизвиците.
Продолжува субвенционирањето на граѓаните за електрична енергија, решен е проблемот со затоплување во Скопје, опстојуваме на поддршката на финансиски ранливите категории на граѓани за струја и за купување основни производи, а преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни.
Со новиот пакет 26 мерки 400 милиони евра од буџетот се насочуваат за поддршка на граѓаните и компаниите.
Покрај сите овие кризни мерки, Владата ја покачи и минималната плата на 18.000 денари и оствари рекордно покачување на пензиите, вклучувајќи и дополнителна финансиска поддршка за пензионерите.
Сектор за односи со јавност на Влада на Република Северна Македонија