Субвенции за фирмите што ќе вработуваат албанци – Груби најави дека Владата ќе ја разгледа оваа можност

|

Во синоќешното гостување емисијата „Клик плус“, вицепремиерот Артан Груби најави дека Владата ќе ја разгледува можноста за субвенционирање на приватните компании кои ќе вработат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници.

Во интервјуто, Артан Груби, призна дека е направен превид, што ниту една ѓена од ДУИ не е на функција во новата Влада, кога е во прашање родовата еднаквост.

Вицепремиерот го повтори она што го најави Министерот за правда Маричиќ ден претходно, дека имотната состојба на сите функционери ќе биде јавно достапна како список на кој исто така ќе има податоци за приходите кои ги имаат во моментот. Според него, тоа е еден од приоритетите на оваа Влада.

По прашањето за евентуална изградба на аеродромот во Штип, според Груби, до реализација на овој проект нема дојде, бидејќи Владата тие средства планира да ги потроши на проекти од екологијата.