Внимание: Доколку се запали ова показно светло, постои можност за голем дефект (ФОТО)

|

Не сакате да видите запалена светилка на таблата со инструменти, но тие се таму и сигурно ќе се активираат во одреден момент.

Едно од нив е светлото на моторот, кое свети жолто (сериски број 5).

Што ако се вклучи среде возење или при палење на возилото? Дали треба веднаш да посетиме механичар?

Откривање на дефекти

Светилката е поврзана со контролната единица на моторот и ако е активирана, тоа значи дека еден од сензорите дијагностицирал проблем.

За време на работата, механичките системи вршат тестови и ако повратните вредности не се точни, тоа е причина за аларм. Обидете се да го исклучите, а потоа запалете го автомобилот – светлото веројатно ќе се изгасне и можете да продолжите да возите.

Ако остане активиран, посетете го најблискиот автомеханичар. Таму ќе го прикачат вашето возило на компјутерот и ќе ги проверат параметрите.

Можни се различни проблеми – од незначителни до дефекти на сензорите, вентилите, системот за вбризгување…