Внимавајте што правите на Бадник – некои работи на овој ден одлучуваат за вашата судбина

ИЗВОРСкопје24
|

Се ближи најзначајниот и со обичаи најбогат христијански празник. Повеќето бадникарски и божиќни обичаи се втемелени на сознанија дека тие денови почнува Нова година и на верувања дека баш тогаш се одлучува за судбината на куќата и домаќините во претстојниот период.

Бадник е ноќта на мирот, радоста и сплотеноста, кога будни го дочекуваме раѓањето на Христос. Секое православно семејство во своите домови украсени со бадникови гранчиња симболично ја очекува веста за раѓањето на Исус Христос, а кога ќе дојде големиот празник Божиќ, ќе си честита со зборовите „Христос се роди – навистина се роди”.

На Бадник уште од самото утро во секоја куќа се слуша гласот на децата-коледари, кои со коледарските песни за здравје и бериќет го симболизираат гласот на ангелите за раѓањето на Исус Христос. Домаќините им даваат костени, ореви, јаболка, круши за да го зачуваат овој убав обичај кој се пренесува од колено на колено.

Речиси сите магиски или култни работи за тие празници биле инспирирани од тежината да се обезбеди среќа и напредок во годината.

Еве некои од тие стари народни обичаи кои и до ден денес некаде се почитуваат:

-На Бадниковата вечер не смеете да заспиете додека не ви запее коледар, бидејќи домаќините ќе почи*уваат без предзнак или невидено.

-Не смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозе.

-На Бадник ништо не треба да се позајмува, а она што е претходно позајмено, тоа се бара назад, бидејќи не е убаво она што и припаѓа на куќата да биде надвор од неа за Божиќ.

-Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година.

-Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег.

Македонците со голема почит ги одбележуваат овие големи празници, кога секој треба да го заборави лошото и да и даде можност на добрината да ги усреќи луѓето. Дури и најнесреќните и најбедните треба да стават насмевка на своите лица. Барем за момент, секој треба да научи да простува и да го отвори своето срце за другите.