Заев: До крајот на мандатот, платата ќе достигне 500 евра

ИЗВОРСкопје24
|

Изградбата на патиштата и железницата, како и гасификацијата на државата ќе бидат во фокусот на Владата за реализација на капиталните инвестиции во 2019 година, најави денеска премиерот Зоран Заев и додаде дека веќе се отстранети сите проблеми во проектните документации што беа пречка за поголема реализација на капиталните инвестиции во минатата година.

Посочи дека има реални можности пред крајот на мандатот, како што е ветено, да се постигне просечна плата од 500 евра во земјава.

Минатата година ја завршивме со просечна плата од повеќе од 24 илјади денари или 400 евра. Можам да најавам дека дополнително ќе донесеме одлука за зголемување на минималната плата, бидејќи со нејзиното зголемување почна спиралата на раст на просечната плата што траеше до септември, а видовме дека продолжи и потоа, рече Заев.

Резултат за пораст на платата, како што кажа, очекуваат да даде и тренингот на младите луѓе, младинската гаранција и активните мерки за вработување.

Ако успееме да преквалификуваме и подготвиме поголем број на работна сила во Македонија за потребите на пазарот на трудот верувам дека повеќе ќе го динамизираме покачувањето на платите, потенцира Заев.

Просечната плата во изминатата година порасна за 5,7 отсто што е тројно повеќе од досегашниот просек од 1,9 отсто годишно.