Во Крушево ќе се одбележи роденденот на легендата Тоше Проески – Гостинка ќе биде Елена Ристеска

ИЗВОРСкопје24
|

На 25 јануари со низа манифестации во Крушево ќе се одбележи 38-от роденден на нашата легенда Тоше Проски. Поп пејачката Елена Ристеска, кој инаку и беше блиска пријателка на Тоше, по тој повод ќе настапи и ќе испее неколку песни во Спомен куќата на Тоше Проски во Крушево.

„Ја исконтактиравме Елена Ристеска пред извесен период и таа без размислување прифати на нашата покана. Ќе има уште неколку активности за денот на роденденот на Тоше, но некои се уште не се официјализирани“, потврдија од општина Крушево за „Фокус“.

И изминатите години со најразлични манифестации, промоции на необјавени песни, концерти, хуманитарни акции, уметнички изложби и слични настани, беше одбележуван роденденот на најголемата музичка ѕвезда во регионов, кој за жал настрада во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, Хрватска во 2007 година.

Автор: Наталија Јосифоска