Во М. Јунајтед ќе останат разочарани: Јуве пак им го краде толку посакуваното засилување

|

Во последниот период, чудото од напаѓач Ерлинг Халанд силно се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед. Овој тим се гледа како фаворит поради Оле Гунар Солскјер, сонародникот на Халанд.

Но како што пренесува „тутоспорт“, Халанд ќе ја продолжи кариерата во дресот на Јувентус, откако норвешкиот голгетер го избрал италијанскиот гигант пред Манчестер Јунајтед како идеален клуб за своја следна дестинација.

Истиот извро наведува дека работата е завршена откако „старата дама“ успеа да го убеди Халанд да ја прифати токму понудата на „црно-белите“ од Торино.

Се наведува дека Норвежанецот од Јувентус добил понуда од од 3,5 милиони евра по сезона, плус богати бонуси, сума што беше доволна за Халанд да прифати.

Што се однесува до понудата од Јуве до Салцбург, истата ќе биде 30 милиони евра и опција Халанд да ја доигра тековната сезона во нивните редови.