Пејачката Тина Ивановиќ ноемвриските денови ги поминува во топлиот Дубаи, а на Инстаграм редовно споделува фотографии од патувањата со своите придружници. Се пече на плажа, а со последната објава привлече големо внимание.
Имено, Тина позираше во розовo бикини и во таа прилика ја покажа својата фигура на 47 години, но и природните гради, бидејќи неодамна ги извади силиконите.
Ивановиќ може да се пофали и со убава линија, на која можат да и позавидат и нејзините многу помлади колешки.
Да потсетиме, Тина Ивановиќ неодамна реши да ги отстрани силиконските импланти од градите и како што своевремено изјавила, сега се чувствува многу подобро.
– Ех, да имав ваков памет, никогаш немаше да ставам силикони. Бидејќи ми здосади и веќе не ми се допаѓа таа пластика, решив да ги извадам. Веќе немам пластични гради – рече Тина и на тој начин откри дека се кае што ставила силикони.