За само еден ден полицијата во Скопје казнила 402 возачи за разни прекршоци како и 33 пешаци.
Сообраќајните контроли беа зголемени вчера од страна на Министерството за внатрешни работи. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 402 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 49 лица, 47 возачи се казнети за технички неисправни и нерегистрирани возила, додека за управување под дејство на алкохол казнети се пет возачи.
Полицијата казнила и 33 пешаци, 27 санкции за неносење на заштитна опрема а напишани се и 70 мерки за непрописно паркирани возила.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.