Во светот постојат само 4 бои на пасош – која е причината

ИЗВОРНов Лист
|

Црвена

Црвените пасоши се најчести, а нив ги бираат земјите со комунистичко минато.Црвена боја на пасошите имаат Србија, Словенија, Кина, Русија, Романија, Полска и Грузија.

Од друга страна, црвена боја на пасошот имаат скоро сите земји членки на ЕУ, освен Хрватска.

Интересен факт е тоа што земјите коишто сакаат да влезат во ЕУ исто така имаат црвен пасош. Тука спаѓаат Турција, Македонија и Албанија.

Црвен пасош имаат Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу.

Сина

Синиот пасош го претставува „Новиот Свет“ на којшто му припаѓаат 15 земји од Карибите. Оваа боја ја користат и членки на трговскиот сојуз Меркосур – освен Венецуела, која сè уште има црвени пасоши.

Граѓаните на САД имаат сини пасоши уште од 1976 година.

Зелена

Зелен пасош имаат граѓаните на скоро сите земји каде исламот е доминантна религија, оти се смета дека зелената боја била омилена боја на пророкот Мухамед. Зелени пасоши имаат и земјите од економската заедница на западноафриканските земји, како Буркина Фасо, Нигерија, Нигер, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал.

Црна

Црн пасош имаат само неколку земји. Од земјите во Африка тоа се Боцвана, Замбија, Бурунди, Ангола, Конго и Малави. Нов Зеланд користи црн пасош бидејќи во оваа земја црната е национална боја.