Ви здодеа да ја миете косата секој ден – овие трикови ќе ви помогнат да остане чиста

ИЗВОРНов Лист
|

Иако сте ги пробале сите можни скапи и ексклузивни средства за да се ослободите од мрсната коса без сјај, и ништо не ви помогнало, стилистите ве советуваат да пробате неколку едноставни, но ефикасни совети. Боете ја косата, велат тие. Бојата за коса е хемикалија која ја крева косата од темен, со што се отежнува патот на лачењето на мастите. „Плакнете ја косата со оцет“ е еден од необичните, но широко распространети совети. Оцетот, чајот и сокот од лимон разредени со вода помагаат за намалување на маснотијата бидејќи содржат танинска киселина.

Овесната каша може да ви послужи како маска за коса. Таа е одличен третман за масна коса, бидејќи ја впива маснотијата од коренот, а освен тоа, е ефикасна против првут и го намалува чешањето. Ако сте во брзање, нанесете ја овесната каша по косата и исчеткајте ја.
Добар трик проитв мрсна коса се кадриците. „Брановите“ во косата ја спречуваат маснотијата да се шири. Кога вашата коса е рамна, не постои ништо што би ја стопирало природните масти да лизгаат по влакното.

Како одлично средство против мрсна коса се покажале и производите со нане. Оваа билка е одлична за овој вид на коса, затоа одберете шампони и регенератори кои во себе содржат екстракт од нане.

Честото шампонирање и мрсната коса одат рака под рака, бидејќи колку повеќе шампон користите, толку повеќе кожата произведува маснотии. Затоа, обидете се косата да ја миете секој втор ден.

Луѓето кои мака мачат со мрсна коса треба да ја мијат наопаку, наведнати над када. Обратната постапка го мие секој вишок на производи кои можат да ја прават тешка и опуштена, а косата добила се што и е потребно. За да имате негувано влакно не ја мијте секој ден, а ако косата е здрава, а фризурата не бара премногу третирање, скратувајте ги врвовите на три до четири месеци.