Вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ со нарушено здравје и во тешка финансиска положба: Татко доаѓам, чекај ме

ИЗВОРnovlist.mk
|

Вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ, починатиот крал на фолк музиката, е болен и во тешка состојба, пренесува српскиот Курир.
Според порталот, Роберт има големи здравствени, но и финансиски проблеми, а сепак 47-годишниот Роберт не кажува од што боледува.

– „Не сум добро, тато чекај ме”, вели тој, пренесе Курир.рс.

Тој живее во Зрењанин, а соседите велат дека нема пари ни за храна, а не за лекување.
– Вредно момче е, никогаш не беше сосема здрав, има и епилепсија. Не му делува ни терапијата. Често е во бунило и говори неповрзани нешта, вели сосед за Курир.рс.
Роберт пак вели дека не добил љубов од татка си додека бил жив, па сега веќе не му треба ништо.

-Не работам, не сум добар со здравјето, нема ни работа. Живеам со слепо лице, водам сметка за него. Кога татко ми не ми даде љубов жив, веројатно така требало да биде и сега ништо не ми треба, вели тој.