Возач на „Tесла“ заспал зад воланот, а автопилотот извозел „подобро од 90 проценти од луѓето“

ИЗВОРСкопје24
|

Еден американец снимил возач како спие во Tesla Ѕ, додека автопилотот управувал со автомобилот. Автомобилот совршено бил позициониран во лентата на движење и постојано одржувал безбедно растојание со останатите возила.

Минатата година се забележани неколку сообраќајни несреќи кои вклучуваа автомобили на Tesla со вклучен автопилот, а една несреќа заврши со фатални последици. По сето ова, Tesla ги предупреди сите сопственици на своите автомобили дека автопилотот е асистент во возење, а не систем кој може целосно самостојно да управува со возилото.

Сопствениците на Tesla изминатит години на YouTube објавуваа видеа кои ги покажуваат можностите на автопилотот чии реакции често спречиле судири и несреќи, а пред неколку години, на интернет се прошири снимка на сопственик на Tesla кој заспал зад воланот додека со возилото управувал софтверот. За среќа, автопилотот завршил одлична работа и немало проблеми на патот, но возачот подоцна е пронајден и казнет.

Слична ситуација е забележана и минатата недела – на страницата Electrek е објавена фотографија на човек кој спие во својот Tesla Model S додека вози на автопат. Возачот во друг автомобил, кој ја направил фотографијата и го снимил видеото (веќе недостапно за преглед) со уморниот возач напишал дека тоа е „кулминација на неговиот ден“, затоа што маж заспал во автомобилот додека со него управувал автопилотот, кој според него завршил подобра работа од 90 проценти од другите возачи на патот.

Поголемиот дел од читателите Electrek во коментарите наменети до „дописникот“, му замериле што не се обидел да го разбуди човекот зад воланот на некој начин. Тие прашуваат што би се случило ако возачот не заспал, туку имал здравствени проблеми и се онесвестил, а возачот снимач дури и не се обидел да му помогне.

Извор: Додај Гас