Вратете се во детството: Печени кришки со кисело млеко и кашкавал

ИЗВОРНов Лист
|

Направете вкусни пржени лепчиња со кашкавал и кисело млеко.

СОСТОЈКИ: 4 кришки леб, 1 јајце, 2 лажички маргарин, 1 шолја рендан кашкавал и 4 лажици кисело млеко.

ПОДГОТОВКА: Се ренда кашкавалот крупно и се става во сад со маргаринот и со киселото млеко. Се мати јајце и се додава. Се меша се и се ставаат кришките леб во смесата, па се ставаат на плех. Се печат на 200 степени додека не поруменат убаво.

Појадокот е најважниот оброк во денот, никако не го прескокнувајте – вака постојано апелираат лекарите, но со брзото темпо на живот и големиот број обврски, многумина често немаат време да си направат нешто вкусно наутро. Доколку ви останат вишок 30тина минути исто така можете да си ги направете највкусните селски мкици. Ова е рецептот:

СОСТОЈКИ: 100 мл. млеко, 1 јајце, ½ пакување квасец 1 лажиче сол, 1 лажиче шеќер, 2 лажици масло, ½ канчиња кисело млеко, 1 прстофат сода бикарбона и 500 гр. брашно.

ПОДГОТОВКА: Се мешаат сите суви состојки, па се мати јајце со кисело млеко и се додава сода, па млеко и масло. Се мешаат смесите. Се меси тесто со раце, па се остава 30 минути. Се вадат мекици со намастени раце и се пржат на врело масло.